Достапни линкови

Клинтон и Трамп гласаа на преседателските избори во САД


Претседателските кандидати на САД,Хилари Клинтон и Доналд Трамп

Претседателските кандидати на САД,Хилари Клинтон и Доналд Трамп

Американците гласаат кој ќе биде идниот претседател, по една од најдолгите и најспорни кампањи во историјата на САД. Гласачките места се отворени во многу места на источниот брег од 6 часот изутрина по средно европско време, а гласањето почна во неколку мали градови во државата Њу Хемпшир. Рекорден број на Американци - повеќе од 46 милиони – гласаа на т.н рани избори, по пошта или на избирачките места. Кандидатот на демократите, Хилари Клинтон го даде својот глас во близина на нејзиниот дом во малиот град Чапакуа, недалеку од градот Њујорк. "Јас сум многу среќен, јас сум само неверојатно среќна", рече Клинтон која се појави на избирачкото место со нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон.Трамп, пак, го дадат својот глас на гласачко место во Менхетен каде што пристигна со неговата сопруга, Меланија.
69 годишната Клинтон, е поранешна прва дама на САД, сенатор, и државен секретар и таа се обидува да стане првата жена претседател во историјата на САД.
70 годишниот Трамп, е богат бизнисмен и поранешен ТВ шоумен. Тој го сврте вниманието на јавноста со контроверзните предлози за муслиманите и жените и најавата за изградбата на ѕид на јужната граница со Мексико.

Резултатите од гласањето ќе бидат познати доцна навечер односно рано наутро во среда

XS
SM
MD
LG