Достапни линкови

Гарет:Во некои земји може, а во некои не може да се кандидираат обвинети личности


Британскиот амбасадор Чарлс Гарет на твитер.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет на твитер.

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, кој присуствуваше на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ организирана од „Мост“ изјави дека во некои демократии е возможно луѓе кои се предмет на истрага да се кандидираат на избори, додека во други земји тоа е невозможно.

– Различни земји имаат различни практики во однос на кандидирањето на личности што се обвинети за криминал. Тоа треба да го одлучат самите земји – вели Гарет.

По говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на конференцијата на Унијата на жени, кога ги критикуваше амбасадорите околу случајот со Диме Сапсов, Гарет денеска рече дека Велика Британија е голем поддржувач на Македонија и оти понекогаш амбасадорите праќаат тешки пораки.

-Таква поддршка ние можеме и ја даваме, а истовремено критичките осврти и пораките што ги испраќаме мислиме дека се неопходни за да дадеме поттик за тоа на каде треба да се движат работите – рече Гарет.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на Годишната конференција на Унијата на жени на партијата, во врска со случајот со Диме Спасов, рече дека реакциите ќе биле поинакви доколку во случајот на Спасов, било лице од СДСМ, а министер во МВР би бил од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG