Достапни линкови

logo-print

Пратениците на Унгарија против забраната за мигранти


Премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Унгарските пратеници денеска не го прифатија амандманот на Уставот што го предложи премиерот Виктор Орбан против бегалските квоти, со кој на бегалците ќе им беше забрането да се населат во Унгарија.

Орбан не ги доби неопходните две третини од гласовите во Парламентот, односно за прифаќањето на амандманот недостатсуваа само два гласа.

На референдумот за бегалските квоти, одржан на 2 октомври, над три милиони Унгарци гласаа против бегалските квоти на ЕУ, но тој беше неуспешен, бидејќи излезноста беше под 50 проценти.

ЕУ минатата година усвои одлука за обврзувачки квоти за прифаќање на мигрантите.

Во рамки на квотите Унгарија треба да прими 1294 мигранти.

XS
SM
MD
LG