Достапни линкови

Над 46 милиони Американци веќе гласаа


Луѓе чекаат пред гласчките места во САД

Луѓе чекаат пред гласчките места во САД

Американците излегоа на гласање, на изборите за нов претседател, по една од најспорните претседателските кампањи во историјата на САД. Гласачките места на источниот брег се отворени во 12 часот по средно европско време, иако неколку мали градови во државата Њу Хемпшир во САД веќе го дадоа својот глас. Рекорден број на Американци - повеќе од 46 милиони – гласаа на т.н рано гласање по пошта или на избирачките места. Резултатите од изборите ќе почнат да се објавуваат околу 6 часот изутрина по средно европско време . Победникот ќе стане 45-от претседател на САД, на инаугурацијата на 20 ти јануари, и ќе го замени Барак Обама, првиот Афро-американец за претседател на земјата.

Набљудувачите на изборите известуваат за рекордна излезност на т.н рано гласање и необично силен одѕив меѓу латино- американските гласачи, кои се чини дека даваат предност за претседателскиот кандидат на демократите Хилари Клинтон.

XS
SM
MD
LG