Достапни линкови

logo-print

Стајковци повторно со поплавени улици


Стајковци по полавите

Стајковци по полавите

Во скопското село Стајковци улиците повторно се исполнети со вода, по поројниот дожд кој го зафати скопскиот регион последниве 12 часа. Граѓани јавуваат дека улиците низ населеното место целосно се под вода. Тие стравуваат дека може да се повтори катастрофалната поплава од август, годинава.Граѓаните веќе се мобилизирани и поставуваат вреќи со песок пред своите домови.

УХМР соопшти дека најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Маврово - 30 литри на метар квадратен, потоа во Лазарополе 19, во Дебар 14 и во Пожаране 10 литри на метар квадратен.

Во Скопје-Петровец и во Куманово наврнал еден литар на метар квадратен, во Претор, Тополчани, Охрид и Прилеп 2, во Крушево 3, и во Тетово и Скопје-Зајчев Рид 4 литри на метар квадратен.

XS
SM
MD
LG