Достапни линкови

Раст на доларот и берзите по извештајот на ФБИ за Клинтон


Светските берзи и американскиот долар забележаа скок по поволните вести за демократскиот кандидат Хилари Клинтон, ден пред претседателските избори, дека ФБИ не покренува обвинение против неа во врска со аферата со нејзиниот приватен имејл сервер. Експертите наведуваат дека инвеститорите многу повеќе сакаат на изборите да победи Клинтон, а не нејзиниот републикански кандидат Доланд Трамп. Вол Стрит кој забележа најдолг пад во последниве 36 години откако ФБИ во минатата недела објави дека покренува истрага околу приватните мејлови на Клинтон, порасна за над 2 насто. Исто така вредноста на доларот порасна за 0,7 проценти откако во минатата недела падна за 1,3 насто.

XS
SM
MD
LG