Достапни линкови

Подготовки за евентуален неуспех на договорот ЕУ-Турција


австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил

австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил

Австрија бара од земјите од Централна и Источна Европа да ги координираат дејствувањата на полицијата и армијата во случај на неуспех на договорот ЕУ-Турција за мигрантите, изјави австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил. „Откако договорот меѓу ЕУ и Турција стана се покревок и покревок, а и првите пукнатини стануваат видливи, тогаш ние треба да сме сигурни дека сме подготвени да дејствуваме“, рече Доскоцил по средбата со неговите колеги од Централна и Источна Европа. Тој додаде дека планира да оствари уште една ваква средба, на која ќе учествуваат и министри за внатрешни работи, за да биде составен план за дејствување. Турција и се заканува на ЕУ дека ќе го откаже договорот за бегалците до крајот на годината, доколку не биде исполнето барањето за визна либерализација за турските граѓани.

XS
SM
MD
LG