Достапни линкови

Времето денеска: претежно облачно


Во Македонија ќе биде претежно облачно со засилен јужен ветер и со појава на врнежи, најинтензивни во западните делови од земјата. На места врнежите, особено на запад ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи, по некаде во форма на невреме. Утринската температура ќе се движи од 10 до 14, а дневната од 14 до 22 степена. Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со повремено засилен јужен ветер, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи во Скопската котлина. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

XS
SM
MD
LG