Достапни линкови

Русија ја продолжува воената соработка со Турција


Архивска фотографија - Шефот на руската Федерална служба за воено-техничка соработка, Александар Фомин, август 2013.

Архивска фотографија - Шефот на руската Федерална служба за воено-техничка соработка, Александар Фомин, август 2013.

Официјални руски претставници информираат дека Русија и Турција ја продолжуваат воената соработка и до крајот на годинава планираат одржување на состанок на меѓувладината комисија. Шефот на руската Федерална служба за воено-техничка соработка, Александар Фомин, денеска изјави дека се разговара за датумот и местото на состанокот. Тој рече дека прашањето за испорака на руски противавионски системи во Турција, која е членка на НАТО, исто така може да биде отворено од Комисијата. Началникот на генералштабот на турската армија, генерал Хулуси Акар, на 1 ноември ја посети Москва. Тој и неговиот руски колега Валери Герасимов разговарале за можна воена соработка против Исламската држава во Сирија и на други места.

XS
SM
MD
LG