Достапни линкови

ЕУ треба да има единствен пристап за настаните во Турција


Наместо јавна дискусија во земјите членки на ЕУ, за поефикасен пристап за подобрување на односите меѓу Унијата и Турција, Брисел треба да има единствен пристап во врска со развојот на настаните во земјата, велат германските власти.

„Нам ни треба јасна и единствена позиција за настаните во Турција. На Турција мора да и биде јасно какви последици ќе имаат односите со ЕУ поради притисокот врз медиумите и врз опозицијата“, изјави денеска портпаролот на владата во Берлин, Штефан Зајберт.

Според Зајберт, сега е важно меѓу Турција и ЕУ да останат отворени комуникациските канали и да има дијалог.



XS
SM
MD
LG