Достапни линкови

logo-print

Црногорскиот Парламент конституиран без опозицијата


Конститутивна седница на Парламентот на Црна Гора во Цетиње, 11 ноември 2016.

Конститутивна седница на Парламентот на Црна Гора во Цетиње, 11 ноември 2016.

Без присуство на пратениците на опозициските коалиции и партии, денеска во Цетиње беше конституиран новиот црногорски Парламент. Пратениците и покрај очекувањата не избраа претседател и потпретседател на Парламентот. Опозицијата не присуствуваше на парламентарната седница, бидејќи смета дека изборите на 16 октомври не биле слободни, демократски и фер.

Во новиот состав на црногорскиот Парламент има 81 пратеник од кои 36 од владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), 18 од опозицискиот Демократски фронт (ДФ), девет мандати освои Големата коалиција Клуч, Демократите осум, Социјалдемократската партија (СДП) - четворица, Социјалдемократите и Бошњачката партија имаат по два пратеник, а коалицијата Албанци решително и Хрватската граѓанска иницијатива по еден пратеник.

XS
SM
MD
LG