Достапни линкови

Сириските Курди се судрија со ИД во Рака


Американски борци северно од градот Рака, 6 Ноември, 2016

Американски борци северно од градот Рака, 6 Ноември, 2016

Сириските Курди поддржани од САД се судрија со милитантите на Исламската држава северно од Рака. Денешните судири доаѓаат на еден ден откако сириските демократски сили, што е мултиетничка опозициска алијанса, предводена од страна на единиците за заштита на курдскиот народ, објавија дека започнуваат со нова кампања за повторно заземање на Рака.

И сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија јави дека се водат тешки борби северно од Рака.

Американската Централна команда соопшти дека коалициските авиони извршиле 16 воздушни напади во северниот дел на Сирија, главно во близина на областа Аин Иса, каде што се концентрирани борбите.

XS
SM
MD
LG