Достапни линкови

Лекарите од „8 Септември“ бараат да се почитува белиот мантил


Архивска фотографија - американската донација за реновирање на македонската општа градска болница „8-ми Септември“. Скопје, 2013.

Архивска фотографија - американската донација за реновирање на македонската општа градска болница „8-ми Септември“. Скопје, 2013.

Протестираа лекарите од Градската општа болница „8 Септември“ за да изразат револт од инцидентот кој се случи во петокот навечер, кога беше демолиран дел од Ургентниот центар на болницата. Тие денеска излегоа пред болницата и побараат да се почитува белиот мантил. Протестот го поддржа и директорот Сашо Стојчев.

„Не може секој да им се заканува на лекарите и да ги навредува. Ова станува неиздржливо. Од ден на ден е се полошо“, рече Стојчев.

Во петокот роднини и пријатели на човек кој починал кршеа во Ургентниот центар.

XS
SM
MD
LG