Достапни линкови

logo-print

Русија негира вмешаност во заговор против Ѓукановиќ


Портпарол на Кремљ, Дмитриј Песков, октомври 2016.

Портпарол на Кремљ, Дмитриј Песков, октомври 2016.

Русија негира дека е вмешана во наводниот обид за државен удар во Црна Гора. Руските власти велат дека не се вклучени во заговор за атентат врз премиерот Мило Ѓукановиќ, поради неговите планови земјата да стане членка на НАТО.

Портпарол на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска пред новинарите изјави дека руските власти категорично ја отфрлаат можноста дека се официјално влучени во каква било незаконита активност.

Претходно власите во Црна Гора соопштија дека истрагата покажала оти руски националисти стојат зад наводниот заговор за убиство на премиерот Мило Ѓукановиќ.

XS
SM
MD
LG