Достапни линкови

Судот го одби СЈО, нема одземање на пасоши за „Тендери“


Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска објавува документи за истрагата „Тендери“ на СЈО

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска објавува документи за истрагата „Тендери“ на СЈО

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, го одби предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост против двајца осомничени во предметот „Тендери“. Од Судот денеска соопштија дека постапиле по жалбата на СЈО против судија на претходна постапка и предлогот на Специјалното обвинителство го одбиваат.

Случајот Тендери се однесува на тендери поврзани со Музејот на ВМРО. Првоосомничена во овој случај е министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Таа недоамна во Кривичниот суд изјави дека се работи за политички театар организиран од СДСМ со поддршка од Специјалното јавно обвинителство. Во случајот осомничени се уште тројца членови на Комисија за јавни набавки во Министерството за култура.

Министерката е осомничена за искористување на службените овластувања за фаворизирање на компанијата Бетон-Штип, како изведувач на дополнителни градежни работи на Музејот. СЈО побара мерка претпазливост за двајца од осомничените, односно одземање на нивните пасоши.


XS
SM
MD
LG