Достапни линкови

logo-print

Смрт во затвор на приврзаник на косовската опозиција


Фрлен солзавец во парламентот на Косово (архивска снимка)

Фрлен солзавец во парламентот на Косово (архивска снимка)

Косовската полиција соопшти дека приврзаникот на опозициското движење Самопределување Астрит Дехари починал под неразјаснети околности. Во полициската изјава се наведува дека ќе биде извршена аутопсија за да се утврди што било причината за неговата смрт. Самоопределување ја обвини косовската влада за смртта на Дехари и изрази сомневања во врска со написите во медиумите дека тој веќе бил мртов во болница откако земал голема доза лекови. Дехари и петмина други приврзаници на опозицијата беа уапсени во август годинава во врска со истрагата за истрелување граната врз влезот на косовскиот парламент.

XS
SM
MD
LG