Достапни линкови

logo-print

Клинтон и Трамп ги користат последните часови од изборната кампња


Претседателските кандидати на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Претседателските кандидати на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Кандидатите за претседател на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп ги користат последните 48 часа до почетокот на претседателските избори со фокусирани на кампањи во државите каде резултатит е тесен.

Кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон денеска ги посети Невада и Мичиген.

Нејзиниот главен стратег Џон Подеста рече дека ако таа успее да го задржи водството, особено во овие две држави, „ќе стане новиот претседател на САД.“

Тој исто така во телевизиско интервју го обвини кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп за „во суштина усвојување на руска надворешна политика и за одбивање на двопартиска надворешна политика на САД.“

Трамп денеска во неговите последни 48 часа за кампања, направи посети на неколку клучни држави за изборната трка, вклучително Флорида, Северна Каролина, Охајо и Пенсилванија.

Последните анкети покажаа дека Клинтон има мала предност, пред објавувањето на ФБИ дека води истрага за новооткриените мејлови поврзани со употребата на нејзиниот приватниот сервер и дека не се покренати обвиненија против неа, како што тврди Трамп.

XS
SM
MD
LG