Достапни линкови

logo-print

Заев на Конгресот на СДСМ побара поддшка за пратеничките листи


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на 21-от Конгрес на партијата.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на 21-от Конгрес на партијата.

СДСМ вечерва го одржа 21-от Конгрес во хотелот Аалександар Палас во Скопје, на кој партијата ги објави пратеничките листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Претседателот на партијата Зоран Заев од делегатите побара поддршка за предложените кандидати на СДСМ и на коалициските партнери, за како што рече историска победа за граѓанска Македонија.

За изборната трка во првата изборна единица предлоено е носител да биде поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, а во втората генералниот секретар Оливер Спасовски.

Во третата изборна единица прв е дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, додека Заев е предводник на четвртата.

Потпретседателката на партијата Радмиола Шекеринска е носителка на петтата изборна единица, портпаролот Петре Шилегов во шестата.

На листите во графата пријатели на СДСМ се ставени и непартиски кандидати: Павле Богоевски од Шарената револуција и Ивана Туфегџиќ се во првата изборна единица, професорот Ферид Мухиќ во втората и Ирена Стефковска во петтата изборна единица. Места на списоците има и за колациските партнери на СДСМ.

Заев рече дека пресвртот во Македонија почнува денеска, со тоа што партијата ги отворила широко вратите и дека успехот ќе бил во тоа што партијата созреала и прифатила да подаде рака и да прими подадена рака.

„Овие пратенички листи отвораат место за сите. Во нив не има од различни региони, од градови и села, од различни професии, од различни етнички заедници, од секаде, од секоја пора на општеството во кое живееме. Имаме шанса да создадеме блескав парламент во кој народот ќе има глас. Тој парламент ќе избере чесна и одговорна влада на народот, а таа влада ќе гарантира место за сите во нашата РМ“, истакна Заев.

Во меѓувреме попради незадоволство од предложените кандидати за пратеници, оставка од функцијата претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје поднесе Софија Куновска, која беше и пратеничката во досегашниот состав на СДСМ. На листите не е ставен и досегашниот координатор на пратеничката група на партијата, Горан Сугаревски.

XS
SM
MD
LG