Достапни линкови

logo-print

Австралиски хуманитарен работник киднапиран во Кабул


Поглед на Кабул.

Поглед на Кабул.

Владата на Австралија соопшти дека се обидува да ги потврди извештаите дека еден нејзин државјанин е киднапиран во Авганистан, што е најнов случај во низата пријавени киднапирања во кои се вклучени странски хуманитарни работници.

Австралиските власти денеска информираа дека нивната амбасада во Кабул прави итни истраги за извештаите дека е киднапиран државјанин на Австралија.

Авганистанската ТВ Толо соопшти дека австралиска жена која работела за хуманитарна група била киднапирана под закана на оружје во централна област на Кабул.

XS
SM
MD
LG