Достапни линкови

ИД презеде одговорност за експлозиите во Ирак


Силите за безбедност прават истрага на местото на експлозијата во Тикрит.

Силите за безбедност прават истрага на местото на експлозијата во Тикрит.

Групата на Исламската држава ја презеде одговорноста за бомбашките самоубиствени напади во ирачките градови Тикрит и Самара, во кои загина 21 лице.

ИД преку соопштение тврди дека имало три самоубиствени напади: два во Самара и еден во Тикрит.

Но, ирачките власти информираа за два напади: еден во Тикрит, кога самоубиец активирал аксплозив во амбулантна кола на јужниот влез на градот за врема на утринскиот метеж, при што загинале 13 лица.

Другиот кога напаѓач активирал експлозив прикачен на автомобил на паркинг, каде верници биле на посета на шиитското светилишта во Самара, убивајќи најмалку седум лица.

Властите во двата града прогласија полициски час, стравувајќи од нови напади.

XS
SM
MD
LG