Достапни линкови

Ердоган: Европа го поддржува тероризмот


Турскиот претседател зборува на телевизиско интервју.

Турскиот претседател зборува на телевизиско интервју.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Европа го поттикнува тероризмот со тоа што ја поддржува Курдската работничка партија (ПКК) и додаде дека не му е грижа доколку Европа го нарече диктатор.

„Европа целосно го поддржува тероризмот. Дури и покрај тоа што ја прогласи ПКК за терористичка организација, тоа е јасно. Гледаме како ПКК може слободно и мирно да дејствува во Европа, рече Ердоган.

Тој нагласи дека секое оружје одземено од борците на (ПКК) дошло од Западот.

„Не ми е грижа доколку ме наречат диктатор или нешто слично. Она што ме интересира е како ме нарекува народот“, изјави Ердоган во телевизиско обраќање.

„Оние кои се однесуваат како терористи, а не како пратеници ќе бидат третирани како терористи“, додаде Ердоган.

Тој истакна дека правосудниот систем на Турција е независен и никој, ниту тој самиот, нема право да се меша во судските процеси.

Турција беше критикувана од Европа за апсењата во петокот на лидери на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН) во рамки на истрагата за поддршка на тероризмот. Владата ја обвинува ДПН за врски со ПКК.

XS
SM
MD
LG