Достапни линкови

logo-print

Прокурдска ДПН ќе ја бојкотира работата на турскиот парламент


Луѓе снимаат со мобилни телефони додека говорат членови на Демократската партија на народите (ДПН).

Луѓе снимаат со мобилни телефони додека говорат членови на Демократската партија на народите (ДПН).

Главната прокурдска опозициска партија во Турција, Демократската партија на народите (ДПН) денеска соопшти дека ги „прекинува своите законодавни активности“ по апсењето на нејзини лидери и пратеници, прецизирајќи дека нема да учествува на седниците на Парламентот.

Портпаролот на партијата Ајхан Билген изјави дека по консултациите на парламентарната група и централното раководство на ДПН пратениците донеле одлука да не се повлекуваат целосно од Парламентот и да остават свои членови, но оти нема да учествуваат на седниците на Собранието и во работата на парламентарните комисии.

Турската полиција ноќта спроти петокот уапси 12 пратеници од ДПН, меѓу кои и двајцата копретседатели на партијата, Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг, откако одбија да се јават во обвинителството и да дадат изјави.

Турските власти ја обвунуваат ДПН за пропаганда за поттикнување тероризам и за врски со забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

Во меѓувреме илјадници Курди се собраа во неколку европски градови во знак на протест против апсењето на прокурдските политичари во Турција.

XS
SM
MD
LG