Достапни линкови

Ирачките сили напредуваат кон аеродромот во Мосул


Ирачки војници во борбите против екстремистите на ИД во Мосул на 4 ноември 2016 година.

Ирачки војници во борбите против екстремистите на ИД во Мосул на 4 ноември 2016 година.

Ирачките сили за безбедност приоѓаат кон Мосул од јужната страна и ги притискаат екстремистите на групата на Исламската држава од центарот на градот, на само неколку километри од големиот аеродром којшто се наоѓа на северот на градот.

Генрал-потполковник Раид Шакир Џавдат изјави дека силите за бебзбедност го контролираат центарот на Хамам ал Алил, околу 15 километри јужно од Мосул.

Тој додаде дека друга ирачка единица напредува по западниот брег на реката Тигар и е на само 4 километри од аеродромот.

Мосул е последното упориште на ИД во Ирак. Градот е под опсада на ирачките и на курдските сили Пешмерга кои се обидуваат да ја преземат контролата од екстремистите во северните и западните делови на земјата.

XS
SM
MD
LG