Достапни линкови

logo-print

СДСМ на 21 Конгрес ќе ги објави пратеничките листи за изборите


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на 20-тиот Конгрес на партијата одржан на 02.10.2016.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на 20-тиот Конгрес на партијата одржан на 02.10.2016.

СДСМ попладнево ќе го одржи 21 Конгрес во хотелот Александар Палас во Скопје, каде ќе бидат објавени пратеничките листи за изборите на 11 декември оваа година.

Неофицијално се знае дека носител на првата изборна единица ќе биде поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

Носител на втората изборна единица е актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На третата изборна единица носител ќе биде дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски.

На чело на четвртата изборна единица ќе биде претседателот на партијата Зоран Заев.

На петтата изборна единица носител ќе биде потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, а на шестата портпаролот Петре Шилегов.

Место на листите ќе добијат и колациските партнери на СДСМ, припадници на Шарената револуција и независни интелектуалци.

XS
SM
MD
LG