Достапни линкови

Курц: ЕУ да ги затвори границите наместо спогодбата со Турција


Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц.

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц остро ја критикуваше Анкара, порачувајќи и дека не сака да се потпре на спогодбата меѓу ЕУ и Турција за бегалците, туку дека е неопходно конечно подобро да се обезбедат границите на Унијата.

Тој во интервју за виенскиот весник „Естерајх“ изјави дека мерките за чистка, по обидот за воен удар во Турција продолжуваат, како и заплашувањето на опозицијата, додавајќи дека сето тоа е целосно спротивно со европските вредности и оти тоа не смее да се прифати.

Во врска со тоа тој повтори дека не смее да се отвораат нови поглавја во претпристапните преговори со Турција.

„Според мое мислење, за Турција нема место во ЕУ“, порача Курц.

Тој појасни дека шефовите на држави и влади се задолжени за одлуката за прекин на преговорите, а дека шефовите на дипломатиите се задолжени за отворање нови поглавја.

Курц нагласи дека отсекогаш предупредувал дека ЕУ не смее да дојде во ситуација да зависи од Турција.

„ЕУ не смее да биде подложена на уцени. Спогодбата со Турција секогаш сум ја гледал како план Б, а планот А мора да биде ефикасна заштита на надворешните граници“, додаде тој.

XS
SM
MD
LG