Достапни линкови

Македонската ракометна репрезентација поразена од Чешка


Ракометарот Филип Миркуловски. Ракометна репрезентација на Македонија.

Ракометарот Филип Миркуловски. Ракометна репрезентација на Македонија.

Македонската ракометна репрезентација со 35:28 го загуби вториот меч во квалификациите за Европското првенство што во 2018 година ќе се игра во Хрватска.

На почетокот на второто полувреме Македонија намали на 3 разлика, но сепак до крајот на мечот Чесите успеаа целосно да го држат резултатот под своја контрола и на крајот да победат со 7 голови разлика.

Кај домаќините најдобар играч беше голманот Мартин Галија, а најефикасен беше Јакуб Хрстка со 10 гола. Во тимот на македонската репрезентација покрај Кирил Лазаров и Дејан Манасков со 8 односно 6 голови, одлична игра прикажаа младите ракометари Марко Неловски и Филип Талевски.

XS
SM
MD
LG