Достапни линкови

logo-print

Десетици илјади Јужнокорејци побараа оставка од претседателката Парк


Демонстрантите носеа исечоци од претседателката и нејзината пријателка.

Демонстрантите носеа исечоци од претседателката и нејзината пријателка.

Десетици илјади Јужнокорејци денеска маршираа по улиците на Сеул, барајќи оставка од претседателката Парк Геун Хје, по големиот корупцски скандал.

Скандалот е поради блиска пријателка на претседателката Чои Сун Сил, којашто е уапсена за измама и е обвинета за мешање во државните работи, како што се официјални назначувања и политички одлуки.

Протестот се случува еден ден откако Парк се извини во телевизиско обраќање, велејќи дека скандалот „е моја вина.“

Полицијата соопшти дека повеќе 40 илјади луѓе излегле на протестот, додека организаторите велат дека излегле 200 илјади луѓе. Протестот беше мирен и во него учествуваа ученици и студенти и млади брачни парови со деца.

XS
SM
MD
LG