Достапни линкови

logo-print

Смрт на тинејџер предизвика протест во Кашмир


Ожалостените на погребнате поворка.

Ожалостените на погребнате поворка.

Најмалку 30 луѓе се повредени во областа Кашмир, во делот кој е под контрола на Индија, во судири меѓу владините сили и ожалостени на погребна поворка на тинејџер.

Полицијата и паравоени сили ги запреле ожалостените кои го носеле телото на момчето, за кое семејството се согласува дека починало од полициска тортура во главниот град на Кашмир, Сринагар.

Според очевидци, стотици млади луѓе фрлале камења на полицијата и војниците, додека друга група ожалостени тргнале по друг пат за да го закопаат момчето.

Владините сили фрлиле сослзавец и испукале предупредувачки истрели, плашејки се дека може да настане поголем протест против индиската власт во регионот, изјавил полицаец под услов на анонимност. Во последните неколку години се случуваат поголеми протести против индиската власт во Кашмир.

XS
SM
MD
LG