Достапни линкови

logo-print

Немири меѓу мигранти на Хиос


Деца си играат во еден од камповите за бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос.

Деца си играат во еден од камповите за бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос.

Во еден од прифатните центри за мигранти на грчкиот остров Хиос избиле немири по поројниот дожд кој поплави шатори на многу бегалски семејства.

Влошувањето на и онака лошите услови за живот на мигрантите предизвикало нови физички пресметки меѓу мигрантите од различно етничко потекло, кои се фрустрирани поради доцнењето во обработката на нивните барања за азил.

Грчките власти апелираа до Европската комисија за испраќање на повеќе експерти за азил со цел да се забрза процесот на островите, но дополнителниот персонал допрва треба да дојде.

Приливот на мигранти во Грција од Турција е далеку од нивото од пред една година, но сепак секоја недела се регистрираат стотици нови пристигнувања. Меѓу четвртокот и петокот изутрина на островите во источниот дел на Егејското Море пристигнале вкупно 156 мигранти.

Во меѓувреме, родители на деца кои одат во основно училиште во Термопилес, централна Грција, вчера одлучија в понеделник да го окупираат училиштето во знак на протест поради тоа што од понеделник е планирано да почнат да учат 90 деца бегалци.

XS
SM
MD
LG