Достапни линкови

Турција затвори девет вработени во весникот „Џумхуријет“


Човек чита копија од „Џумхуријет“ пред просториите на весникот во Истанбул за време на полициска акција.

Човек чита копија од „Џумхуријет“ пред просториите на весникот во Истанбул за време на полициска акција.

Турските власти наредија притвор додека трае судењето на девет директори и новинари од опозицискиот весник „Џумхуријет“, еден ден откако лидерите на главната про-курдска партија беа исто така затворени. Меѓу деветмината се некои од најпознатите имиња на турското новинарство. Тие се обвинети за врски со курдската милитантна група ПКК и со проповедникот Фетулах Ѓулен, кој се обвинува за неуспешниот државен удар на 15 јули.

Вкупно 13 вработени, вклучително главниот уредник беа приведени на сослушување на 31 октомври. Од нив некои беа пуштени под судска контрола поради возраста и здравствена состојба, а деветмината ќе бидат во притвор додека се одржи судењето.

XS
SM
MD
LG