Достапни линкови

Група луѓе кршеле во болницата „8 септември“


Градската болница „8 септември“ на почетокот на реновирањето во јули 2013 година.

Градската болница „8 септември“ на почетокот на реновирањето во јули 2013 година.

Околу 30 луѓе синоќа го демолирале влезот на Градската општа болница „8 септември“ во Скопје, откако им било соопштено дека починал нивни роднина. Човекот бил на 40 годишна возраст и во болницата му вршеле реанимација која траела 40 минути, но тој починал по што групата луѓе почнала да крши се околу себе, а потоа го земале починатиот и со возило без регистарски таблички го однеле во непознат правец, велат одговорни лица во болницата. МВР го расветлува случајот.

XS
SM
MD
LG