Достапни линкови

За Турција неприфатливи критиките на ЕУ


Архивска фотографија, прес конференција на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, 12 октомври 2016

Архивска фотографија, прес конференција на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, 12 октомври 2016

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска ги обвини земјите членки на Европската Унија дека ја поддржуваат Курдската работничка партија (ПКК) и како „неприфатливи“ ги оцени критиките на Унијата во однос на апсењата на прокурдските опозициски пратеници, пренесоа британските медиуми.

„Повеќето земји од ЕУ и даваат многу силна поддршка на ПКК. Ние нема да прифаќаме лекции од нив за владеењето на правото“, изјави Чавушоглу.

XS
SM
MD
LG