Достапни линкови

logo-print

Руски војници ранети во Алепо


Архивска фотографија, Алепо, Сирија, 3 ноември 2016

Архивска фотографија, Алепо, Сирија, 3 ноември 2016

Руското министерство за одбрана соопшти дека двајца руски војници се ранети во северниот сириски град Алепо. Во нивното соопштение е наведено дека војниците биле ранети од страна на бунтовниците кои бомбардирале коридор низ кој се евакуирале луѓе од градот. Русија и сирискиот режим прогласија 10 часовен прекин на огнот со цел да им се овоможи на бунтовниците и цивилите да го напуштат Алепо преку осум означени коридори. Но, новинските агенции од терен јавуваат дека малкумина ги прифатиле овие повици за евакуација. Во нив се вели дека бунтовниците го отфрлаат привременото примирје, и најавиле дека ќе продолжат со борба во обид да ја пробијат опсадата од сириските воени сили.

Сличен тридневен едностран прекин на огнот имаше кон крајот на минатиот месец по што само неколкумина го напуштија источниот дел од градот Алепо, каде што околу 250 илјади луѓе и натаму се заробени.

XS
SM
MD
LG