Достапни линкови

logo-print

Шулц: Апсењето на прокурдски политичари ја Анкара од ЕУ


Архивска фотографија; претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц на прес конференција на 7 ми март 2016

Архивска фотографија; претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц на прес конференција на 7 ми март 2016

Притворот во Турција на Селахатин Дермиташ, копретседател на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), и неговите соработници ја оддалечува Анкара од демократијата и Европската унија, изјави денеска претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

„Со најновите апсења на високи лица, турските власти не само што ја оддалечуваат Турција од демократијата, но свртуваат грб на вредностите, принципите, нормите и правилата кои ги поддржуваат односите меѓу ЕУ и Турција,“ изјави Шулц, истакнувајќи дека оваа ситуација треба итно да биде решена.

Изминатата ноќ, турската полиција уапси 11 пратеници од Демократската партија на народите, меѓу кои претседателите на партијата Фигел Јукседаг и Селахатин Дермиташ, јавуваат турските новински агенции.

XS
SM
MD
LG