Достапни линкови

logo-print

Закажано рочиште за второто обвинение на СЈО


Во Основниот суд Скопје 1 е закажано рочиште за вториот обвинителен акт на Специјалното јавно обвинителство поднесен во врска со уништување на документација од системите на прислушување, односно уништување на документи поврзани со уништувањето на опремата за која се води друга истрага наречена Тврдина. Првото рочиште е закажано на 28 ноември. Во овој предмет се осомничени 7 луѓе за кривично дело „фалсификување на службена исправа“.

На прес конференцијата на која СЈО објави дека ќе покрене обвинение, обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека биле прибавени докази и за други кривични дела вршени со цел да се спречи токму откривањето на претходно дејство, односно уништување на опремата за прислушување. Од доказите, според Фетаи, произлегло дека првообвинетиот вработен во петтата управа незаконски формирал комисија во која членувале останатите шест обвинети лица со цел да се уништат службени списи.

Инаку, веднаш по поднесување на обвинителниот предлог, СЈО поднесе и барање за изземање на надлежниот судија, кое барање во законски утврдениот рок беше одбиено од претседателот на судот, по што СЈО поднесе и жалба до Апелациониот суд Скопје, со што судот одби да го изземе судијата е наведено во судското соопштение.

Претходно Кривичниот суд го закажа рочиштето за обвинителниот предлог на Специјалното јавно обвинителство за настаните во општина Центар на 21 ноември.

XS
SM
MD
LG