Достапни линкови

Наумов:Миновски го зголемува јавниот долг


Дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов

Дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов

Министерот за финансии Кирил Миноски продолжува со зголемување на јавниот долг, и покрај тоа што во периодот кога е најавено следното задолжување не доспеваат долгови за враќање, се вели во писмената изјава на дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов. Тој додава дека министерот Миновски и во ноември продолжува да ги задолжува граѓаните за нови 2 милиони евра дневно. Во вторник е најавено ново задолжување на владата во вредност од 12,2 милиони евра.

„Јавниот долг поради ова темпо на задолжување ги надмина критичните 50% од БДП, граница која Меѓународниот Монетарен Фонд препорача да не се надминува. Министерот за финансии јавно се обврза дека после секое ново задолжување ќе ја објавува состојбата на државните депозити, но до сега ниту еднаш го нема сторено тоа. Прекршувањето на законите и манипулирањето со јавноста е заштитен знак на претставниците на Владата во изминатите 10 години. Затоа за сите злоупотреби со средствата на граѓаните ќе следи одговорност,“ е наведено во писмената изјава на Наумов.

XS
SM
MD
LG