Достапни линкови

logo-print

Мијалков влезе во СЈО


Архивска фотографија, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков на презентација на предмети запленети во акицијата Детонатор

Архивска фотографија, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков на презентација на предмети запленети во акицијата Детонатор

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков денеска се појави на распит во Специјалното јавно обвинителство, јавува инетренет порталот „НОВАТВ“. Според неофицијалните информации Мијалков треба да даде исказ за случајот „Тортура“.

Случајот што го покрена СЈО е во врска со начинот на кој е уапсен лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, ден по изборите во 2011. Покрај Мијаков дел од осомничените се припадници на специјалната единица Алфи. Претходно СЈО побара на полициските специјалци осомничени во случајот да им се забрани вршење на полициски овластувања.

Мијалков во овој предмет е првоосомничен, а командантот на единицата Алфи е второсомничен.


XS
SM
MD
LG