Достапни линкови

logo-print

Русија го одбележува Денот на национално единство


Рускиот претседател Владимир Путин држи говор пред споменикот на големиот кнез Владимир во близина на Кремљ, 04 ноември 2016

Рускиот претседател Владимир Путин држи говор пред споменикот на големиот кнез Владимир во близина на Кремљ, 04 ноември 2016

Со марш во Москва беше одбележан Денот на националното единство, празник што беше воспоставен од страна на руските власти пред повеќе од 10 години.

Насобраните луѓе и поддржувачи на власта носеа транспаренти и руски знамиња. Подоцна рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на откривање на споменикот на големиот кнез Владимир во близина на Кремљ.

Според легендите, кнезот преминал во православно христијанство во 988 година, кога владеел со Киевска Рус. Пред празникот, Путин ги повика пратениците да донесат федерални закони за „руската нација“.

Според аналитичарите тоа е обид да се демонстрира единството меѓу различните народи во Русија. Денот на националното единство се празнува од 2005 во спомен на руската победа над полските сили во 1612.

XS
SM
MD
LG