Достапни линкови

ФФМ казнета со 5 илјади швајцарски франци


Фудбалскиот стандиот „Филип Втори“ во Скопје

Фудбалскиот стандиот „Филип Втори“ во Скопје

Светската фудбалска асоцијација казни Фудбалската федерација на Македонија со парична казна од 5.000 швајцарски франци. Македонската федерација е казнета поради недоговорно однесување на малкумина од над 30-те илјади присутни гледачи на арената „Филип Втори“ во Скопје, кои го следеа натпреварот меѓу Македонија и Италија кој се одигра во рамки на квалификациите за Светското првенство што во 2018 година ќе се игра во Русија.Федерацијата ќе треба да плати казна поради навивачите кои по завршување на натпреварот влегоа на теренот во обид да стигнат до италијанските фудбалски ѕвезди.

Казната кон ФФМ е во паричен износ од 5.000 швајцарски франци, но и дополнителна опомена, дека секој нареден инцидент ќе биде построго санкциониран.

XS
SM
MD
LG