Достапни линкови

Осум загинати и над сто ранети во нападот во Дијарбакир


Турската полиција го блокира местото на експлозијата во Дијарбакир

Осум лица, меѓу кои двајца полицајци, загинаа и над сто беа ранети во денешниот напад со автомобил бомба, извршен во југоисточниот град Дијарбакир, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим, јави Си-Ен-Ен Турк.

„Во нападот загинал и еден терорист“, додаде тој.

Истрагата утврдила дека терористите користеле еден тон експлозив за извршување на нападот. Експлозивните средства биле натоварени во минибус.

По експлозијата се формирала голема дупка, а нанесена е штета и на згради во регионот.

Локалната власт на Дијарбакир соопшти дека нападот пред зградата на полицијата во Дијарбакир го извршила Курдската работничка партија.

XS
SM
MD
LG