Достапни линкови

Руски авион соборен во Сирија, екипажот евакуиран


Руски хеликоптер на мисија во Сирија

Руски хеликоптер на мисија во Сирија

Руската војска соопшти дека еден нејзин хеликоптер бил погоден од бунтовниците по што морал принудно да слета, но оти никој од екипажот не бил ранет. Тоа се случило во провинцијата Хама додека хеликоптерот, како што се наведува, бил на хуманитарна мисија. Веднаш по принудното слетување на околу 40 километри северозападно од Палмира пристигнал друг хеликоптер со кој биле евакуирани членовите на екипажот. Русија изгубила четири хеликоптери во Сирија. Москва им помага на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

XS
SM
MD
LG