Достапни линкови

Албанија го реформира судството за приближување до ЕУ


Албанскиот парламент

Албанскиот парламент усвои закон со кој се предвидува формирање нови извршни институции за водење на правосудниот систем и реформи на судството како еден од главните услови за покренување преговори за прием на Албанија во Европската унија. Главната опозициска Демократска партија го бојкотираше вчерашното гласање на законот, подготвен од европски и американски експерти. Правосудниот систем ќе биде реконструиран за да се обезбеди судиите и обвинителите да бидат политички независни со цел да се искорени корупцијата во земјата. Албанија доби статус кандидат за членка на ЕУ во 2014 година.

XS
SM
MD
LG