Достапни линкови

Белград планира договор со Евроазиската економска унија


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека Белград планира да потпише договор за интегрирање со Евроазиската економска унија, предводена од Русија. Тој додаде дека неговата влада ќе работи на унификација на договорите со сите членки на таа унија. Србија исто така се надева да стане членка на Европската унија. Во Евроазиската економска унија членуваат: Ерменија, Беларусија, Казахстан, Киргизстан и Русија. Формирана е во минатата година.

XS
SM
MD
LG