Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во утринските часови особено во северните делови од земјава се очекуваат локални врнежи од дожд. Во текот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста ќе почне да се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 13 до 19 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб дожд во раните утрински часови, а преку денот ќе има намалување на облачноста и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се сушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

XS
SM
MD
LG