Достапни линкови

logo-print

Србија, Русија и Белорусија со заеднички воени вежби


Илустрација

Илустрација

Србија, Русија и Белорусија започнаа заеднички воени вежби на српска територија. Вежбите кои ќе траат една недела и во кои учествуваат околу 700 војници од трите земји сочинуваат напади со хеликоптери и врз бунтовнички бази, евакуација на цивили и отварање на артилериски оган. Вежбите се во време кога Москва ги затегна односите со западот на ниво на огорченост кое не е забележано од крајот на Студената војна.

Причината за тоа е руската анексија на полуостровот Крим и конфликтот во источна Украина. Србија пак се обидува да балансира меѓу традиционално блиските врски со Москва и со целта да стане полноправна членка на ЕУ и да оствари поблиски односи со НАТО, иако земјата нема план да стане членка на алијансата.


XS
SM
MD
LG