Достапни линкови

Протест во Турција против отпуштањата по обидот за пуч


Протестите во Истанбул

Протестите во Истанбул

Неколку стотици луѓе протестираа денеска во Истанбул против отпуштањето на илјадници вработени во образованието по обидот за преврат во Турција на 15 јули годинава. Рамо до рамо против нацизмот извикуваа академиците, студентите и членовите на синдикати пред Истанбулскиот универзитет под надзор на полицијата.

Анкара го обвинува проповедникот Фетуллах Ѓулен, кој живее во САД, дека го организирал обидот за преврат. Повеќе од 100 илјади државни службеници меѓу кои судии, професори, академици, обвинители и војници беа отпуштени поради поврзаност со Ѓулен. Околу 37 илјади луѓе пак беа уапсени и чекаат да бидат изведени пред суд. Ѓулен негираше дека тој стои зад пучот во турција.

XS
SM
MD
LG