Достапни линкови

Во ДИК се пријавиле 214 гласачи со спорни записи


Архивска фотографија од прес конференција на ДИК

Архивска фотографија од прес конференција на ДИК

Државната изборна комисија информира дека денеска до 14 часот, 214 граѓани побарале запишување во Избирачкиот список од вкупно 29.858 чии записи по извршените вкрстени и теренски проверки останале неконзистенти. Од ДИК посочуваат и дека 161 пријава била прифатена, една е во обработка, а 52 се во фаза на разгледување.

Комисијата информира и дека во тек е и пријавувањето за гласање на претстојните избори за граѓаните од странство, а досега се пријавиле 5.909 пријави. Од нив, 5.379 пријави се прифатени, 132 се одбиени, а останатите се во обработка.

XS
SM
MD
LG