Достапни линкови

По два часа заврши распитот на Мијалков


Основниот суд Скопје 1 во Скопје, каде поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е повикан на распит за случајот „Трезор".

Основниот суд Скопје 1 во Скопје, каде поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е повикан на распит за случајот „Трезор".

Заврши распитот на поранешниот шеф на Управата за безбедност и разузнавање, Сашо Мијалков во Кривичниот суд за случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство. Мијалков по распитот не даде изјава за новинарите и си замина од задниот службен влез на Кривичниот суд. Распитот на Мијалков траеше речиси два часа. Тој во судот пристигна со адвокатот Никола Додевски. СЈО побара мерка за претпазливост за Мијалков, односно одземање на неговиот пасош.

Истрагата за предметот Трезор, СЈО ја отвори поради сомневање дека 860 илјади евра од буџетот завршиле во приватни џебови преку набавка на опрема за прислушување. Во случајот осомничени се три лица од УБК и едно лице од Министерството за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG