Достапни линкови

Ердоган ја обвини Германија дека засолнува терористи


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини денеска Германија дека станала „засолниште за терористи“, бидејќи земјата не сака да ги екстрадира поддржувачите на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Тој посочи дека Германија долго време крие борци на Курдската работничка партија и на екстремистичката група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување. Според него, поради тоа на Германија „ќе и суди историјата“.

XS
SM
MD
LG