Достапни линкови

Почетокот на Брегзит зависи од британскиот Парламент


Британскиот премиер Тереза Меј

Британскиот премиер Тереза Меј

Според Вишиот суд во Лондон, британските пратеници мора да гласаат за тоа дали земјата може да го започне процесот на напуштање на ЕУ.

Тоа значи дека британската влада не може да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор за формално да ја извести ЕУ за намерата на земјата да го напушти блокот. Владата соопшти дека одлуката ќе биде оспорена на Врховниот суд.

Според владата, земјата гласала да ја напушти ЕУ со референдумот кој бил одобрен од Акт на Парламентот. Британскиот премиер Тереза Меј изјави дека таа ќе го активира членот 50 до крајот на март наредната година.


XS
SM
MD
LG